Спортскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос, се сретнал со претставниците на централниот дефанзивец на Ленс и на репрезентацијата на Узбекистан, Абдукодир Кусанов.
Овој 20-годишен фудбалер му се приклучи на Ленс во летото 2023 година од белорускиот Енергетик-БГУ за 100 илјади евра. Узбекстанецот одигра 27 натпревари за францускиот прволигаш, а неодамна доби црвен картон, и тоа токму на дуелот со Пари Сен Жермен, кој сега сака да го купи.
Ленс во моментов не сака да го продаде Кусанов, но Светците се спремни за него да платат 20 милиони евра и можеби во Ленс ќе се премислат.