Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацкелија, е трансферна желба на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, објави „Спортмедијасет“.
Според информациите на италијанскиот медиум, новиот менаџер на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим, смета дека 22-годишниот Грузиец совршено одговара на формацијата 3-4-3, која ќе биде негова основна тактичка поставеност во наредниот период.
Манчестер јунајтед наводно е подготвен на Кварацкелија да му понуди петгодишен договор со годишна плата од 8 милиони евра.
Сепак, Наполи засега не покажува подготвеност да се раздели со својот играч бидејќи клубот преговара со него за продолжување на тековниот договор.
Оваа сезона Кварацкелија одигра 15 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и забележувајќи две асистенции.