Дербито на „Енфилд“ ќе биде ефикасно, а голови ќе има и на останатите натпревари од ЛШ (Фото)

6010 Црвена ѕвезда – Штутгарт (18:45)

Црвена ѕвезда против Штутгарт ќе има шанса да дојде до првите бодови во Лигата на шампионите, но она што е сигурно, вечерва во Белград ќе има голови. „Црвено-белите“ погодуваа на три од четирите меча во Лигата на шампионите. Не успеаја само против Интер на гости, а на домашните дуели против Бенфика и Барселона постигаа еден, односно два гола. Сите натпревари на Црвена ѕвезда оваа сезона во Лигата на шампионите завршуваа најмалку со по три гола, па нема зошто да не биде така и против Штутгарт.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.96)

 

6011 Штурм Грац – Жирона (18:45)

Домашната екипа сè уште нема освоено ниту бод во Лигата на шампионите, додека Жирона има три, па со бод(ови) вечерва ќе фати приклучок со екипите кои се во зоната која носи во разигрувањето. Екипата на Бојан Миовски на два од четирите меча во Лигата на шампионите постигна по два гола, а нашиот фудбалер минатото коло против Еспањол ги постигна првите голови во Шпанија, па се надеваме дека ќе продолжи во ист стил и против Штурм.

Предлог тип: Х2 & Т22+ (2.17)

 

6013 Ливерпул – Реал Мадрид (21:00)

Дербито на вечерта во Лигата на шампионите се игра на легендарниот „Енфилд роуд“. Ливерпул го пречекува Реал Мадрид, а Црвените во овој меч влегуваат со серија од пет победи по ред, односно со 14 натпревари без пораз, на којшто имаат само едно реми. Последниот меч на овие две екипи кој се одигра на „Енфилд“ заврши со убедлива победа на Реал Мадрид со 2-5.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.81)

 

6014 Динамо Загреб – Борусија Дортмунд (21:00)

По историскиот дебакл против Баерн Минхен (9-2) во првото коло, Динамо Загреб одигра реми против Монако, а ги победи Салцбург и Слован Братислава, па она што може да се очекува од мечот против Борусија Дортмунд секако дека се головите. Милионерите имаат девет бода, додека Динамо седум, па и двете екипи ќе атакуваат на бодовите, кои би им донеле речиси сигурен пласман во следната фаза.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.97)

 

6012 Селтик – Бриж (21:00)

Селтик и Бриж веќе немаат што да бранат во Лигата на шампионите, а трите бода од овој натпревар за една од екипите ќе значат пласман во разигрувањето. Домашните на последните шест меча немаат реми, а на последните 10 натпревари само двапати одиграа нерешено. Иста е ситуацијата и кај Бриж, кој има идентичен ефект од две нерешени на последните 10 меча.

Предлог тип: 12 & 3+ (1.92)

- Оглас -

Најнови вести