Фудбалските прволигашки денес ќе го одиграат вонредното 16-тото коло. Најинтересно се очекува да биде на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде што Вардар ќе го пречека еден од лидерите на табелата, Гостивар.
Скопските Црвено-црни три години немаат победа над денешниот противник, односно дури осум натпревари, а според квотите во Sport Life, фаворит е Гостивар со квота од 2.20. Изненадување и победа на Вардар има квота од 2.85.
Силекс игра фантастична сезона и изненадувачки го дели врвот со Гостивар и Шкендија, а попладнево се чини дека ќе има лесна задача против Воска на домашен терен. Работнички има гостување во Кавадарци против најголемото разочарување оваа сезона, Тиквеш. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија во претходните 15 кола има само една победа и по седум нерешени и порази, се наоѓа на последното место на табелата со 10 бода и само со 4 дадени голови, но и покрај тоа е фаворит против одличниот состав на скопските Романтичари со квота од 2.30.
На останатите натпревари, Шкендија во Тетово го пречекува Шкупи, Брера гостува кај Беса, додека шампионот Струга му е домаќин на Пелистер.