Грчевски: Играњето на ЕП е успех и собирање искуство, го имаме еден од најмладите состави

Женската ракометна репрезентација на Македонија утревечер од 20.30 часот против силната Шведска во унгарскиот град Дебрецин го почнува настапот на Европското првенство.

Селекторот Кристијан Грчевски изјави дека целта на нашиот тим е остварена со успешните квалификации и самиот настап на женското ЕВРО 2024. Македонија го има еден од најмладите состави на шампионатот, само три ракометарки имаат 30 или повеќе години.

„За нас ова Европско првенство ќе биде стекнување драгоцено искуство за во иднина, ни треба континуитет на играње на големите турнири за да станеме поискусни. Прво играме со Шведска, која ќе се бори за медал и ќе се обидеме да се претставиме на најдобар можен начин. Малку ќе калкулираме бидејќи целта ни е натпреварот против Турција, каде што ги гледаме нашите најдобри шанси за победа. Се надевам дека нашите страсни македонски навивачи ќе бидат на трибините за да ни ја дадат поддршката што ни е потребна“, изјави Грчевски.

- Оглас -

Најнови вести