Откако беше посветено големо внимание на неговиот изгребан носот и главата по мечот со Феенорд на кој неговиот Манчестер сити водеше 3-0 на 20-тина минути до крај, а не победи, Пеп Гвардиола мораше дополнително да објасни што сакал да каже со неговиот одговор дека се обидел да се самоповреди.
Менаџерот на Граѓаните даде дополнителни појаснувања преку социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер).
„Синоќа, на крајот од прес-конференцијата, бев фатен неподготвен од прашањето за гребаницата на моето лице кога објаснив дека е случајно предизвикана од остар нокт. Мојот одговор во никој случај не беше наменет да ја минимизира сериозноста на проблемот со самоповредување. Знам дека многу луѓе секојдневно се борат со психички проблеми“, изјави Пеп Гвардиола во пораката и препорача на кој телефонски број за помош треба да се јават луѓето кои имаат психички проблеми.