Милојевиќ: Јас сум „бункераш“, на 2-1 сакав да се браниме, играчите не ме послушаа!

Тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, беше презадоволен по неочекувано убедливата победа од 5-1 над Штутгарт, а откри и дека играчите не го послушале и сакале да одат до крај и да ги докрајчат Германците.

„Се обидов да се затворам при 2-1, да го задржиме тоа водство, јас сум познат ‘бункераш’, сакав да ги зачуваме тие 2-1, но играчите дадоа 5 и ми помогнаа, и тоа се случува“, изјави Милојевиќ.

Милојевиќ рече дека ова му е една од најдрагите победи во кариерата, особено што била остварена на роденденот на неговиот татко.

- Оглас -

Најнови вести