Бугарскиот првак нема што да бара во Рим

6032 Андерлехт – Порто (18.45 часот)

Белгискиот тим игра добро во Лигата на Европа, има 10 бода од четири меча, малку фалеше да има и максимални 12. Порто пак разочарува, собра само четири бода, но има и многу потежок распоред од Андерлехт. Порто е во криза, ги загуби последните два меча во домашната лига, а има и голем број повредени играчи. Овие два клуба одамна не играле меѓу себе, а во минатото Порто секогаш губел и нема дадено гол на гости кај Андерлехт. За гостите ова е шанса за излез од кризата, но нема да биде лесно.

Предлог тип: 12 I & 1-2 II (2.65)

 

6036 Лацио – Лудогорец (18.45 часот)

Римските Орли се единствен тим во Лигата на Европа со максимални 12 бода и први се на табелата, а Орлите од Разград се при дното само со еден бод и гол-разлика 1-6 по четири кола. Лацио даде 11 гола во ЛЕ, на сите четири настапи даваше барем по два. Тука, секако, Лацио е голем фаворит, во победнички ритам е и во италијанската лига, останува само отворено прашањето на каков начин ќе дојде до нови три бода.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.90)

 

6028 Манчестер ј. – Бодо/Глимт (21.00 часот)

Норвежаните во моментов имаат еден бод повеќе од Црвените ѓаволи. Манчестер јунајтед нема пораз во ЛЕ, но во првите четири кола, дури трипати играше нерешено. Тимот од Манчестер има само еден пораз на последните 10 меча во сите натпреварувања, дома два месеца не знаат за пораз. Бодо/Глимт два месеца нема пораз на гости, но гостуваше против послаби екипи од Јунајтед, кој мора да победи за да си ја поправи состојбата на табелата.

Предлог тип: 1 & 2+ пол. (2.19)

 

6023 Реал Сосиедад – Ајакс (21.00 часот)

Шпанскиот тим е дури 25-ти на табелата во ЛЕ, има скромни 4 бода по четири одиграни рунди, а Ајакс е втор со три победи и едно реми во четирите настапи. Ајакс е и најефикасен тим со 13 гола и најдобра одбрана, примија само еден гол. Сосиедад кога е мотивиран, знае да биде многу опасен, особено дома, во тоа неодамна се увери и Барселона. Копјаниците уште од август немаат пораз на гости.

Предлог тип: Х кога било (1.83)

 

6030 Тотенхем – Рома (21.00 часот)

Лондонските Петли во дуелот со Рома влегуваат „катапултирани“ по огромната победа од 4-0 над Манчестер сити во Премиер лигата. Тотенхем имаше три победи по ред пред да загуби од Галатасарај во минатото коло. Рома има скромни 5 бода и гол-разлика 3-3, сите четири меча на Волчицата беа со 0-2 гола, додека Тотенхем има три меча со 3+ гола и еден неефикасен. Рома е во криза, нема ниту една победа во ноември, а последната победа на гости им беше одамна, уште во април.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести