Ливерпул ќе го победи Сити во дербито од Премиер лигата, сметаат играчите на Спортската прогноза

Типувањето за новото 12-то коло на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life е во тек, а понудата навистина е возбудлива и со многу предизвици. Има неколку дерби-натпревари кои будат дополнителен интерес.

Ливерпул, тимот кој веројатно е во најдобра форма во цела Европа, е домаќин на Манчестер сити, англискиот шампион кој е погоден од голема резултатска криза. Ќе биде интересно да се види победникот на овој дуел, а засега љубителите на Спортската прогноза му даваат многу поголеми шанси на тимот на Арне Слот.

Борусија Дортмунд го пречекува Баерн Минхен во Бундеслигата, а за овој дуел прогнозерите сметаат дека гостите се фаворити за триумф.

В недела на „Пољуд“ се игра најголемото хрватско дерби меѓу Хајдук и Динамо Загреб.

Прогнозерот кој ќе ги има погодено сите 13 натпревари од основната понуда (резервните парови се сметаат само за генералниот пласман) ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести