По пет одиграни кола во фудбалската Лига на шампиони, остануваат уште три до крајот на лигашкиот дел. Кај некои клубови растат, а за други паѓаат квотите за освојување на елитното европско натпреварување.
Манчестер сити и Реал Мадрид беа главни кандидати за трофејот пред стартот на сезонава, но овие два тима најверојатно ќе мора да играат и дополнителен плејоф пред да влезат во осминафиналето.
Квотите за Сити и Реал пораснаа, па сега Граѓаните не се сами на врвот, исти шанси како на нив му се даваат и на Ливерпул. Барселона е тим за кого квотата паѓа, па Барса е трет фаворит за освојување на трофејот, а зад нив на листата се Реал, Арсенал и Баерн Минхен.
Се зголемуваат шансите и на Интер, Леверкузен, Астон вила, а се намалуваат на тимови како ПСЖ и Атлетико.