Ѕвезда за 30 минути го уништи Баерн

Црвена ѕвезда го прегази Баерн Минхен со 101-77 во евролигашки дуел на кој белградските Црвено-бели доминираа 30 минути и во последната четвртина влегоа со предност од огромни 27 поени разлика.

Фикип Петрушев даде 25 поени што е речиси една четвртина од поените на Ѕвезда, а српскиот тим одигра одлично и во одбраната, првиот стрелец на Евролигата, Карсен Едвардс беше запрен на само 3 поени. Баерн во претходното коло даде 100 поени против Барселона, но вечерва Баварците делуваа загубено особено во третата четвртина која ја загубија со 10-29.

За Баерн ова беше четврти пораз сезонава во Евролигата, а Ѕвезда им се приклучи на Реал Мадрид и Армани Милано во триото екипи со половичен биланс од 6-6 по 12 кола.

- Оглас -

Најнови вести