Сензација: Барселона на домашен терен загуби од Лас Палмас (Видео)

Екипата на Барселона продолжува со разочарувачките игри во шпанското првенство, откако на свој терен загуби од Лас Палмас со 1:2 во дуел од 15 коло. Каталонскиот гигант беше апсолутен фаворит за победа, но гостите направија чудо и на крајот се радуваа на трите бода.

По првото полувреме немаше голови, а на стартот од вториот дел Сандро Рамирез ги доведе гостите во предност од 1:0.

Барселона тргна офанзивно да израмни и тоа се случи во 61 минута кога Рафиееа со одличен шут од далечина погоди за 1:1.

Во продолжение на дуелот Барселона уште посилно тргна во напад, но Лас Палмас тоа го искористи и со еден одлично изведен контра напад, стигна до вториот гол, кога погоди Фабио Силва во 67 минута.

Ова беше меч на кој Барселона славеше 125 години од постоењето на клубот.

По ова коло Барселона останува на 34 бодови, четири повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид, но Кралскиот клуб има два меча помалку, што значи со евентуални две победи, актуелниот првак ќе биде нов лидер на табелата во Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести