Вардар и Еурофарм Пелистер убедливо победија и (привремено) го минаа Алкалоид на табелата

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер со убедливи победи го минаа Алкалод на табелата и барем до вторник ќе бидат на првата, односно втората позиција во Супер лигата.

Скопските „црвено-црни“ со 29-41 славеа на гостувањето кај дебитантот Бисинов од Велес, додека битолчани како гости во својата сала ја декласираа Струга со 25-43.

Вардар сега е лидер со 24 поени, два повеќе од Еурофарм Пелистер и Алкалоид, кој вечерва треба да завери пласман во осминафиналето во Европскиот куп, а во вторник ќе го одигра мечот против Радовиш од ова коло.

- Оглас -

Најнови вести