Рутинска победа на Алкалоид за европска ракометна пролет во „Автокоманда“

Ракометарите на Алкалоид ја забележаа и втората победа над Вест Виен во 1/16-финалето од Европскиот куп и обезбедија пласман во следната фаза. Екипата од „Автокоманда“, за разлика од вчера, денес одигра рутински и победи со „само“ 32-29.

Патникот во осминафиналето беше решен уште вчера, кога Алкалоид славеше со 38-27, па денес шанса за настап добија сите ракометари, а дури 11 од нив успеаја да се запишат во листата со стрелците.

Мартин Серафимов и Александар Петковски беа најефикасни со по седум гола, додека Џонов, Митев и Симоноски погодија по трипати.

Ждрепката за осминафиналето од Европскиот куп ќе се одржи во вторник, а натпреварите ќе се играат во февруари следната година.

- Оглас -

Најнови вести