Рафиња лут после поразот: „Не ми е гајле за голот, требаше да победиме“

Барселона доживеа неочекуван пораз и загуби на домашен терен од една од најслабите екипи во Ла Лига, Лас Палмас со 1-2. единствениот гол за „каталонците“ беше дело на Рафиња, кој пред новинарите кажа дека е лут поради резултатот, но и поради односот на противникот, кој повеќе се обидувал да задржува време, отколку да игра фудбал.

„Бевме многу лоши денес и мора да видиме што правиме погрешно. Мора да се подобриме и да победуваме повторно. Нивото ни падна, мора да работиме повеќе и да победуваме. Мора да направиме пресврт и повторно да победуваме во Ла Лига. Воопшто не ми е гајле за голот, требаше да победиме. Не сум задоволен, лут сум. Во второто полувреме се играше само 30 минути, наместо регуларните 45.“ – рече Рафиња.

- Оглас -

Најнови вести