Серија од пет победи по ред во Лига 1 за екипата на ПСЖ заврши вечерва на мечот против Нант на домашен терен. „Светците“ одиграа само 1-1, иако имаа водство уште од втората минута со голот на Хакими. Гостите преку Аблин израмнија во 38-мата минута, а на крајот се покажа дека тоа ќе биде и конечен резултат на овој натпревар.
ПСЖ упати 23 удари кон противничкиот гол, имаше посед на топката од 84%, изведе девет корнери, но и тоа не беше доволно за победа. Сепак, и покрај киксот, ПСЖ останува лидер во Франција со 33 поени, седум повеќе од Монако.