Неверојатно е што успеа да направи Новак Ѓоковиќ за само 24 часа: Од Катар во Аргентина на легендарниот „Монументал“ (Видео)

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, за само 24 часа успеа да присуствува на тренинзите за ГН на Катар, а потоа и да летне за Буенос Аирес и да биде дел од големото финале на Копа Либертадорес помеѓу Ботафого и Атлетико Минеиро.

Србинот се појави на легендарниот „Монументал“, каде се играше финалето и пред мечот го претстави пехарот од ова натпреварување, кое е пандан на европската Лига на шампионите.

Ѓоковиќ во Буенос Аирес пристигна за да учествува на опроштајниот натпревар на неговиот некогашен голем ривал од тениските терени, но и добар пријател, Хуан Мартин дел Потро.

- Оглас -

Најнови вести