Блескаво премиерлигашко деби на Аморим на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед со 4-0 го разби Евертон и ја продолжи традицијата на успеси против Карамелите кои добиле само едно од последните 32 гостувања на „Олд Трафорд“.

Маркус Рашфорд за првпат после две години даде два гола на еден меч од Премиер лигата, а двоен стрелец беше и Џошуа Циркзе кој немаше дадено гол уште од првото коло сезонава. За менаџерот Рубен Аморим ова беше прва премиерлигашка победа и лигашко деби на култниот стадион во Манчестер.

Убедлива победа извојува и Челзи кој со 3-0 беше подобар од Астон Вила, па Сините се изедначија со Арсенал на второто место на табелата.

Фулам се спаси од пораз на гости кај Тотенхем, одигра 1-1, и сега има убава серија од осум меча по ред без пораз против лондонските екипи. Последниот пораз во лондонско дерби Фулам имаше во јануари кога загуби од Челзи. Денеска Фулам последните десетина минути ги играше со човек помалку, но успеа да го зачува ремито.

- Оглас -

Најнови вести