По поразот од Хајдук, Адеми откри што е следното во Динамо: Немаме друга опција

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми од клупата за резерви го гледаше поразот на неговиот Динамо Загреб на гостувањето во Сплит од Хајдук. Актуелниот хрватски првак загуби со 1:0 и сега заостанува седум бодови зад вечниот ривал. По поразот на „Пољуд“, Адеми даде свое видување за дербито.

„Тешко ми беше да го посматрам мечот од клупата за резерви. Жал ми е, но не заслуживме да победиме. Ќе направиме се што треба за да ја свртиме оваа ситуација. Ќе одиме од меч на меч, обидувајќи се да победуваме. Од овие проблеми мора да излеземе како победници“, рече Адеми веднаш поразот од Хајдук.

Запрашан за тоа како му делува табелата на која Динамо е дури на третото место, Адеми вели дека сега Модрите до крајот на полусезоната мора да редат само победи.

„Табелата изгледа катастрофално, но мора да победиме на сите четири меча до крајот на полусезоната и тоа е тоа. Должни сме им тоа на навивачите и на самите себе. Едноставно немаме други опции“, рече Адеми.

- Оглас -

Најнови вести