Македонија против репрезентација која никогаш не ја победила го завршува настапот на ЕП (Фото)

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Дебрецин. Противник на нашите ракометарки им е еден од домаќините на континенталниот собир, Унгарија, репрезентација против која во минатото имаме само порази.

Македонија и Унгарија имаат одиграно вкупно осум меѓусебни дуели и на сите се радувале Унгарките. Еден од овие натпревари се одигра на Европското првенство во 2006 година, кога во Сковде загубивме со 30-22, додека останатите седум се од пријателски карактер.

Гол-разликата во меѓусебните дуели е 171 даден гол и 251 примен, или во просек сме губеле со по 10 разлика на натпревар. Унгарија има максимален скор од две победи на два меча на ова Европско првенство, па сосема нормално е фаворит и според квотите во Sport Life со квота само од 1.05.

Квотата за победа и сензација на Македонија на меч е 20.00, а малку помала е квотата за реми, 19.50.

На Европското првенство денес се играат вкупно шест натпревари, а сите може да ги најдете во богатата понуда на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести