Старо-новиот светски шампион се налути: „Веќе немам почит за тој човек“

Веќе е познато дека Макс Ферстапен е старо-нов светски шампион во Формула 1, и тоа уште пред трката за ГН на Катар. Холандскиот возач во квалификациите дојде до пол-позицијата, која подоцна му беше одземена со одлука на судиите бидејќи го попречувал Џорџ Расел, па Британецот беше оној кој стартуваше од првата позиција.

Ферстапен се брани дека се обидувал да не му попрече, а по победата во Катар беше лут на колегата, за кого вели дека веќе нема почит.

„Имам голема почит за многу возачи, но не и за Расел. Смешно е како исфорсира да бидам казнет. Пред камерите секогаш е фин, но зад нив е друга личност. Ме казнија поради него. Не поднесувам такво однесување и подобро ќе му биде да стои подалеку од мене. Многупати бев во таа соба за состаноци, и тоа со различни возачи, и никогаш немам видено некој така да сака да зафркне некого. Немам веќе почит кон тој човек“, рече Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести