Катарскиот медиум Ал-Раја тврди дека нивната репрезентација веќе има селектор, а тоа ќе биде Златко Далиќ, предводникот на Хрватска. Медиумите во Хрватска се зачудени од ваквите написи со оглед на тоа дека Далиќ има важечки договор до 2026 година, но Катарците тврдат дека работата е завршена.
Според нив, Далиќ веднаш ќе ја преземе селекторската функција и ќе го замени Феликс Санчес Лопес, а ќе го води Катар и на Заливскиот куп, кој се игра месецов. Се чини дека селекторот на Хрватска добил понуда која тешко може да се одбие, но останува да се сочека официјална потврда.
Златко Далиќ е селектор на Хрватска од 2017 година и ја водеше репрезентацијата на 93 натпревари, на кои забележа 50 победи, 19 нерешени и 24 порази.