Бугарите денеска одбележуваат 100-годишнина од играњето фудбал во нивната земја, а по тој повод во Софија се и челниците на Светската и Европската фудбалска федерација, Џани Инфантино, односно Александер Чеферин.
Тие беа пречекани и примени од претседателот на Бугарската фудбалска федерација, Георги Иванов, од неизбежната легенда Христо Стоичков, тука е и претседателот на Бугарија, Румен Радев.
Инфантино и Чеферин се потсетија на младоста, се сеќаваат на неверојатното издание на Мундијалот во 1994, кога Бугарите беа четврти на светот и им посакаа повторување на успехот, а доколку се изгради некој убав стадион, може да бидат и домаќини на некој голем настан.