Севилја и Осасуна во меѓусебната пресметка на „Рамон Санчес Писхуан“ одиграа 1-1 и поделија по еден бод. И двете екипи веројатно посакуваа повеќе, но на крајот мораше да се задоволат со реми.
Анре Будимир донесе водство за Осасуна во 69-тата минута, а само четири минути подоцна израмни Доди Лукебакио.
По ова реми, Осасуна се наоѓа на седмата позиција со 23 бода, додека Севилја се наоѓа на 11-тото место со 19 бода.