Пример како треба да се работи: Динамо во милионски трансфер му продава фудбалер на ПСЖ

Динамо Загреб е на прагот на нов сензационален трансфер, кој ќе ја наполни нивната каса со нови милиони. Според хрватските медиуми, шампионот на Франција, ПСЖ, е заинтересиран за услугите на 21-годишниот Мартин Батурина и за неговите услуги е подготвен да плати 25 милиони евра.

Минатото лето раководството на Динамо Загреб одби 18 милиони евра за Батурина, а се шпекулираше дека за него има интерес и од Манчестер јунајтед и за Реал Мадрид. Шампионот на Хрватска веќе со години наназад е синоним на Балканот за производство и продажба на фудбалери, а по патот на кој допрва треба да тргне младиот Батурина веќе заминаа играчи од типот на Модриќ, Гвардиол, Пјаца, Олмо, Шутало…, а касата на Модрите од Загреб постојано се полни со нови и нови милиони од нивните трансфери.

Мартин Батурина оваа сезона за Динамо одигра 20 натпревари на кои постигна два гола и забележа седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести