Реал има резервен план во случај да не успее да го ангажира Трент Александер-Арнолд

Од раководството на Реал Мадрид веќе ги контактирале колегите од Манчестер јунајтед и се распрашувале која е сумата за која би го пуштиле Диого Далот на „Сантијаго Бернабеу“. Португалецот има договор со Црвените ѓаволи до 2028, а неговата моментална вредност е 40 милиони евра.

Сепак, Манчестер јунајтед бара 50 милиони евра, а Реал Мадрид е подготвен да ја плати оваа сума. Кралевите во Далот гледаат идеална замена за Трент Александар-Арнолд, кој иако е нивна прва желба, се нема изјаснето дали ќе остане во Ливерпул или како слободен фудбалер налето ќе потпише за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести