Договорот на Мохамед Салах и Ливерпул истекува налето, па фудбалерот ќе може да си замине од „Енфилд роуд“ како слободен фудбалер. Египетскиот репрезентативец неодамна кажа дека е разочаран од развојот на настаните, со оглед на тоа дека не добил соодветна понуда од Ливерпул за продолжување на договорот, а неговиот план е да продолжи да игра, не да оди во пензија.
Сега се појавуваат нови информации околу иднината на Мохамед Салах, кои велат дека ПСЖ веќе започнал преговори со менаџерскиот тим на Eгипќанецот и се подготвени да му ја дадат платата што ја бара.
Иако не се открива кои се барањата од Салах, сепак познато е дека во Ливерпул заработува околу 22 милиони евра, а најголемата плата во моментов во ПСЖ ја има Дембеле, 20 милиони евра. Според ова, платата на ѕвезда како Мохамед Салах нема да биде никаков проблем за богатите сопственици на ПСЖ.