Солскјер повторно ги израдува сите во Манчестер ј.

Оле Гунар Солскјер всушност нема договор со норвешкиот Молде. Соработката меѓу тренерот и клубот била прекината, веднаш штом пристигнала понудата тој да замине во Манчестер јунајтед. Ова го откри самиот стратег.

„Кога си тренер не може да имаш договори со два клуба. Јас го прекинав договорот со Молде и сега сум обврзан со Манчестер јунајтед. Тој договор е до крајот на јуни оваа година“, рече Солскјер, кој уште не знае дали ќе добие продолжување на соработката со најтрофејниот англиски клуб.

Откако Солскјер пристигна на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед блесна. Тимот реди победи и успеси, а сите фанови се сложни дека Солскјер треба да остане на клупата и за следната сезона. Манчестер на неверојатен начин го елиминираше Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампиони, во ФА Купот на Англија на гостински терен ги победи Челзи и Арсенал, а во Премиер лигата, тимот се врати во трка за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.

Едноставно Солскјер донесе победничка магија на „Олд Трафорд“ во изминативе три месеци колку што е на чело на екипата.

 

- Оглас -

Најнови вести