Женската фудбалска репрезентација на Македонија убедливо (1-5) го загуби вториот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора што се одигра денеска на комплексот „Петар Милошевски” во Скопје. Единствениот погодок за Македонија го постигна Улза Максути.
На првиот контролен дуел помеѓу овие две селекции, Македонија забележа победа од 3-2. Симона Мејер, Гентјана Рочи и Улза Максути се запишаа во листата на стрелци за Македонија на тој меч.
Нашата женска фудбалска репрезентација на 21 февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во новото, второ по ред издание на Лигата на нации.
Покрај Македонија и Косово, во групата 6 од дивизијата Ц се наоѓа и селекцијата на Летонија.