Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави четирите барабани во кои ќе има по осум екипи во пресрет на креирањето на осумте групи на Светското клупско првенство. Ждрепката ќе биде на 5 декември, а ова натпреварување со историски променет формат ќе се игра од 15 јуни до 13 јули следната година.
Интересно е дека тимот на Интер Мајами, кој ќе биде како домаќин на овој турнир, со Лионел Меси во составот, би можело да игра против Реал Мадрид, но и против сите останати европски гиганти.
Според рангирањето, во првиот барабан се најдоброрангираните четири екипи од Европа и четирите од Јужна Америка, а тоа се: Манчестер сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Фламенго, Палмеирас, Ривер плата, Флуминесе.
Во вториот барабан ќе бидат екипите на: Челзи, Борусија Дортмунд, Интер, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Салцбург.
Третиот барабан е резервиран за: Ал-Хилал, Улсан, Ал-Ахли, Видад, Монтереј, Леон, Бока јуниорс и Ботафого.
Во последниот четврти барабан ќе бидат: Урава, Ал-Аин, Есперансе, Мамелоди, Пачука, Сиетл, Оукланд и Интер Мајами.