Реал Мадрид и Барселона изгубија со примени поени во последните секунди (Видео)

Шест меча се одиграа во рамките од 13-тото коло на кошаркарската Евролига, а во двата најдраматични дуела загубија шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Асвел го победи Реал Мадрид со 80:78 во меч на којшто домаќините поените за победа ги постигнаа со звукот на сирената. Парис Ли беше херојот на домаќините.

Панатинаикос со 90:89 се радуваше против Барселона. Домаќините водеа со 89:86, Барселона израмни на 89:89, а на три секунди до крајот Матијас Лесор беше фаулиран. Тој успеа да погоди едно слободно фрлање и тоа да биде доволно за грчкиот гигант да се радува на осмата победа во 13-тото коло, додека Барселона го претрпе шестиот пораз.

Резултати од денешните мечеви: Анадолу Ефес – Баерн Минхен 101:90, Асвел – Реал Мадрид 80:78, Макаби Тел Авив – Париз 81:93, Панатинаикос – Барселона 90:89, Басконија – Фенербахче 88:76, Партизан – Жалгирис 84:78.

- Оглас -

Најнови вести