Клоп со совет до навивачите: Немојте да пиете и легнете си кога легнуваат децата

Ливерпул има серија лоши резултати и поради тоа го загуби првото место во Премиер лигата. Сега гигантот од „Енфилд Роуд“ е во позиција да го брка Манчестер сити, кој има еден бод повеќе. Следниот предизвик за Ливерпул е дуелот против Барнли, кој се игра в недела со почеток од 13 часот. Поради тоа што овој меч се игра порано (точно на пладне по англиско време), тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, реши да ги посоветува навивачите  да бидат во „карантин“ пред средбата.

„Не ни пречи кога играме во тој термин, но дефинитивно имаме потреба од добра атмосфера. Ако имате билети за мечот легнете си во 10 навечер и немојте да пиете вечерва. Потреба ќе ни биде поддршка од прва до последна секунда. Пред да играме ќе го знаеме резултатот на Манчестер сити и ќе знаеме во каква ситуација сме. Единствен проблем за оваа недела ни е дуелот со Барнли, кога треба да го дадеме максимумот“, рече Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести