Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, 2024-тата година ја завршува без освоен грен-слем трофеј, но со злато од Летните олимписки игри во Париз. Србинот ја анализираше годинава која завршува, но и ја најави следната.
„Оваа година се беше фокусирано на Олимписките игри и златото во Париз. Немав сјајна сезона, за разлика од претходните. Се мачев и со повредите, имав операција на коленото на Ролан Гарос. Успеав да се опоравам, играв финале на Вимблдон, а освојувањето на златото во Париз е најубавиот дел. Се радувам на новата сезона што доаѓа. Мотивиран сум, работам добро. Вообичаено е да имаме краток одмор меѓу сезоните, но сега завршив порано, па имам време и да се одморам.“ – вели Ѓоковиќ.
Србинот најавува дека се уште има сили да им се спротивстави на помладите, но и да ги победува Алкарас и Синер.
„Чувствувам дека можам да се натпреварувам со младите момци. Очигледно дека Синер и Алкарас се предводници во моментов, но чувствувам дека кога сум подготвен и на врвот од мојата игра, дека можам да ги предизвикам. Ќе биде возбудливо, приоритет ми се грен-слен трофеите.“ – додава Ѓоковиќ.