Го прашаа Јокиќ како даде 104 поени за 24 часа, одговорот скромен како и секогаш (Видео)

Никола Јокиќ за само 24 часа успеа да постигне 104 поени, па после 56-те поени на Вашингтон, им даде 48 на Атланта, а успеа да стане и вториот кошаркар во историјата на НБА лигата со ефект подобар од 45/10/5 на два натпревари по ред.

Сепак, Јокиќ не би бил Јокиќ доколку не остане цврсто на земја и после вакви бројки, а тоа го покажа и на интервјуто после мечот против Атланта.

„Мислам дека ова е првпат после долго време да не примиме над 120 поени, игравме добро, дадовме многу поени, имавме офанзивни скокови. Мојата тајна? Не знам, бев агресивен, едноставно топката сакаша да помине низ мрежичката, ова беше една од тие вечери.“ – рече Јокиќ.

- Оглас -

Најнови вести