Фудбалерот на Вест хем, Мајкл Антонио, кој имаше тешка сообраќајна несреќа со својот автомобил се наоѓа стабилна состојба, според информациите кои ги сподели клубот со јавноста.
Сепак, во моментов нема точна информација за какви повреди се работи, со оглед на тоа дека автомобилот после несреќата изгледаше целосно уништен. Британските медиуми пренесуваат дека за опоравување ќе му треба најмалку една година, а тоа значи дека оваа сезона за него е завршена, а по се изгледа и есенскиот дел од наредната.
Британците тврдат дека во моментов е под знак прашалник и кариерата на фудбалерот, со оглед дека не се откриваат повредите, па можеби Антонио ќе мора да стави крај на фудбалската кариера и воопшто да не се врати на зелените терени.
Мајкл Антонио во Вест хем пристигна во 2015-тата година од Нотингем форест. За репрезентацијата на Англија одигра три натпревари, а потоа одлучи да го промени спортскиот пасош и да игра за Јамајка.