Со 40 години го одигра мечот на кариерата и го спаси омилениот клуб од испаѓање (Видео)

Поранешниот фудбалер на Милан, ПСЖ и Челзи, Тијаго Силва, на залезот од својата кариера одлучи да се врати во татковината и повторно да заигра за клубот од неговото детство, Флуминенсе.

Клубот кој важеше за еден од фаворитите за титулата во Бразил, на крајот до последното коло трепереше за опстанокот, кој го обезбеди со гостинска победа над Палмеираш од 0-1. Тијаго Силва беше столб на одбраната и го одигра мечот на кариерата, иако во моментов има полни 40 години.

После завршување на натпреварот, Тијаго Силва, клекна на колена и ползеше по тревникот од среќа за обезбедениот опстанок, а секако дека кариерата ќе ја заврши во клубот за кој навива уште од дете.

- Оглас -

Најнови вести