Килијан Мбапе после трансферот во Реал Мадрид воопшто не беше дел од репрезентацијата на Франција за натпреварите од Лигата на нации. Селекторот, Дидие Дешан, тогаш објаснуваше дека без секого се може, а сега со мистериозна изјава излезе и самиот фудбалер.
„За мене не постои ништо поважно од репрезентацијата. Сепак, во септември му реков на селекторот дека не сум подготвен, го променив клубот и немав сободни денови. Инсистираше да одам на одмор. Во октомври бев повреден, а за ноември не можам да кажам ништо, тоа беше негова одлука. Јас сакав да играм за Франција, но селекторот не ме повика. Жал ми е, не можам да ви кажам зошто. Ако тој сака, нека ви каже, јас не смеам.“ – вели Мбапе.