Почина Крајевски, боксерот кој на 76 борби имаше 75 порази (Видео)

Боксерскиот свет е во тага, почина литванскиот боксер Генадиј Крајевски, познат како најголем губитник во овој спорт.

„Бомбардерот од Балтикот“ како што му беше прекарот, имаше само една победа на 76 борби во кариерата. Победата ја извојува во својата 68-ма борба во рингот. Последната борба на Крајевски беше поразот во четири рунди против Леви Вон во август годинава, а најпознатата му беше во 2020 против Томи Фјури, братот на екс светскиот првак Тајсон Фјури.

Крајевски кој имаше 37 години, а според некои медиуми сам си го одзел животот. Тој имал оштетувања на мозокот што влијаело на неговото ментално здравје во последните месеци и паднал во тешка депресија.

 

- Оглас -

Најнови вести