Лошите резултати бараат и промени: МЗТ Скопје го раскина договорот со Марко Баковиќ

МЗТ Скопje се наоѓа во сериозна резултатска криза, како на домашната сцена, така и во регионалната АБА2 лига. Неспособноста на тимот да се избори за враќање во елитната АБА лига, која беше главна цел на клубот, дополнително ги продлабочи проблемите.

Лошите резултати веќе имаат последици, а прва жртва е играчот Марко Баковиќ, чиј договор беше спогодбено раскинат.

„Марко Баковиќ повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска спогодбено го раскинавме договорот со него“, објави МЗТ Скопје на социјалните мрежи.

Тренерот Васко Атанасов исто така се соочува со критики за неспособноста да ги поврзе засилувањата во кохезивна екипа која ќе ги оправда вложувањата.

За МЗТ Скопје оваа криза е аларм кој бара брзи и ефикасни решенија за да се спаси сезоната.

- Оглас -

Најнови вести