Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја заврши 2024 година предвреме поради повреда на скочниот зглоб. Напаѓачот на Жирона се здобил со оваа непријатна повреда на еден од последните тренинзи пред утрешниот дуел против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Според лекарските прегледи, ногата на Миовски ќе биде фиксирана во специјална „чизма“ која ќе ја носи во следните три недели. Целосната рехабилитација се очекува да трае околу шест недели, што значи дека тој сигурно нема да може да игра до крајот на календарската година.
Ова е тежок удар за македонскиот напаѓач, кој во последниот период се избори за место во стартниот состав на Жирона и бележеше одлични настапи. Повредата доаѓа во момент кога Миовски беше во подем, и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за тимот.