Удинезе со триумфот над Монца стави крај на црната серија

Удинезе имаше четири порази на последните пет натпревари во Серија А, но конечно успеа да излезе од кризата и да слави на гости против Монца со 1-2. Со овој триумф, тимот од Удине сега се наоѓа на деветтото место со 20 освоени бода.

Лоренцо Лука во шестата минута донесе предност за Удинезе, но домаќинот израмни преку Кирјакопулос на почетокот на вториот дел.

Победничкиот погодок за Удинезе го постигна Јака Бијол во 70-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести