Фудбалерите на Вест хем победата му ја посветија на повредениот Антонио (Видео)

Вест хем ја оствари петтата победа во Премиер лигата оваа сезона откако на домашен терен славеше против Вулверхемптон со 2-1. Во емотивна атмосфера на стадионот, фудбалерите на Вест хем му го посветија триумфот на повредениот соиграч Мајкл Антонио, кој имаше страшна сообраќајна несреќа и беше опериран поради скршеница на ногата.

Томас Соучек во 54-та минута донесе водство за Вест хем, а гостите израмнија преку Мет Доерти во 69-та минута.

Сепак, само три минути Џеред Боувен постигна победнички погодок за Вест хем на овој дуел.

- Оглас -

Најнови вести