Ноември е среќен месец за Дијана, добитничката на Среќна 13-ка, која доби 120.000 денари

Дијана Захариева од Куманово е победник на ноемвриската етапа на промотивната игра на Sport Life, Среќна 13-ка, а за тикетот со 13 погодени пара добива награда од 120.000 денари.

Ноември е среќен месец за Дијана затоа што била победник и минатиот ноември 2023 година.

„Има нешто во овој ноември“, се шегува добитничката на наградата. „Да се надеваме дека во иднина и другите месеци ќе имам повеќе успех“, вели таа.

Откри и каква е нејзината обложувачка рутина.

„Играм исклучиво вечерни или полноќни натпревари, најчесто тоа е НБА-лигата и играта на „плус/минус“ поени на кошаркарите. Ќе уплатам 20 денари, неколку комбинации, и сакам кога ќе станам наутро да се насмевнам со добитен тикет“, раскажува Дијана.

Убавата награда ќе биде искористена на најдобар можен начин, пред новогодишните празници.

„Дедо Мраз ќе донесе подароци за децата, а ние нешто ќе се почестиме. Во најубав момент доаѓа наградата и сакам да изразам и благодарност до Sport Life обложувалници. Ќе продолжиме и понатаму да играме и се надеваме дека ќе бидеме успешни“, заврши добитничката на „Среќна 13-ка“ за ноември.

Второто место за јануари го освои Симон Тодоров, за што си заработи 60.000 денари, а третопласираниот Ѓорѓи Чаушоски добива 20.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести