Араухо по 156 дена повторно е во тимот на Барселона

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, е вклучен во составот на каталонскиот тим за утрешното гостување против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Уругваецот се повреди за време на натпреварот со Бразил во четвртфиналето на Копа Америка, по што беше опериран.


По 156 дена рехабилитација, Араухо доби зелено светло од медицинскиот тим на Барселона и отпатува со тимот во Германија.

Ова е првпат тој да биде вклучен во тимот под водство на новиот тренер Ханси Флик, иако сè уште не е јасно дали Германецот ќе му даде шанса на утрешниот натпревар или ќе почека уште неколку дена.

Барселона моментно е на третото место на табелата во Лигата на шампионите со 12 бода, исто колку и Борусија Дортмунд, која има послаба гол-разлика.

- Оглас -

Најнови вести