ФФМ донесе одлука за прекинатиот меч од Втората лига

Комисијата за натпревари во рамките на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) службено со 0-3 во корист на гостинската екипа го регистрира натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје од 15-тото коло во Втора МФЛ.

Мечот во Македонска Каменица беше прекинат во 71-вата минута при резултат 1-1. Исто така, комисијата донесе одлука за суспензија на теренот на ФК Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување натпревари. Одлуката е во сила сè до донесување конечна одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипа.

Комисијата за натпревари во рамките на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на ФК Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот ФК Башкими – ФК Брегалница од 15-тото коло во Втора МФЛ.

- Оглас -

Најнови вести