Кралска понуда од 100 милиони евра за Кол Палмер

Кол Палмер продолжува да ја фасцинира фудбалската јавност со своите перформанси за Челзи оваа сезона, каде што се профилира како еден од најдобрите играчи во Премиер лигата. Офанзивниот играч за врска, кој има само 22 години, постигна 11 гола и забележа шест асистенции, со што се рангира меѓу тројцата најдобри во лигата според овие показатели.


Овие импресивни бројки следуваат по извонредната претходна сезона, кога постигна 22 гола и запиша 11 асистенции, а одигра клучна улога во патот на Англија до финалето на Европското првенство.

Според „Фичајес“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, развојот на Палмер го следи со голем интерес и планира да отвори преговори за негов трансфер уште оваа зима. Се наведува дека Реал Мадрид е подготвен да понуди најмалку 100 милиони евра бидејќи Челзи не би се согласил да го продаде својот перспективен фудбалер за помал износ.

Палмер му се приклучи на Челзи есента 2023 година од Манчестер сити за 47 милиони евра, откако ги помина сите младински категории на Граѓаните. Иако доби шанса во првиот тим на Пеп Гвардиола, тренерот одлучи да му даде приоритет на други играчи, што го поттикна Палмер да се пресели во Челзи, каде што целосно го демонстрира својот потенцијал.

- Оглас -

Најнови вести