Почнува НБА-купот: Милвоки и Оклахома се фаворити за пласман во полуфиналето (Фото)

Доцна вечерва по македонско време официјално започнува второто издание на НБА-купот, натпреварување кое својот старт го имаше минатата сезона. Вкупно осум екипи ќе се борат за трофејот откако лигашките натпревари се сметаа и во ова натпреварување.

Ноќната програма има два четвртфинални натпревари од разигрувањето, а победниците ќе се пласираат во полуфиналето, кое ќе се игра во Лас Вегас. Први на паркетот ќе истрчаат кошаркарите на Милвоки и Орландо, а домашните се фаворити според квотите во Sport Life.

На вториот меч во мала предност според квотите се кошаркарите на Оклахома, кои на домашен терен го пречекуваат составот на Далас предводен од Лука Дончиќ.

Иако вечерва се играат само натпревари од четвртфиналето на НБА-купот, дел од понудата на Sport Life се и кошаркарите за најпопуларната игра „плус-минус“ поени. Комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести