Гледачите во Леверкузен се единствените кои немаа можност да видат гол во првите 45 минути на вечерните натпревари од Лигата на шампионите. Затоа пак на останатите шест натпревари беше постигнат барем по еден гол.
Аталанта првпат сезонава губеше откако Килијан Мбапе погоди во 10-тата минута, но францускиот интернационалец се повреди во 36-тата минута, па беше заменет со Родриго, а клубот од Бергамо израмни од пенал во втората минута од судиското продолжение. Во вториот дел сигурно ќе има вистински спектакл, а Реал ќе мора со сите сили да тргне по победата.
Баерн Минхен имаше негатива од 1-0 против Шахтар Донецк од петтата минута, но Лајмер во 11-тата и Милер во 45-тата минута направија комплетен пресврт, па Баварците со предност заминаа на паузата.
Резултати:
Аталанта – Реал Мадрид 1-1
Баер Леверкузен – Интер 0-0
Брест – ПСВ Ајндховен 1-0
Бриж – Спортинг Лисабон 1-1
Лајпциг – Астон вила 1-1
Салцбург – ПСЖ 0-1
Шахтар Донецк – Баерн Минхен 1-2