Една фотографија го „запали“ светот: Што подготвуваат Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо (Фото)

Што подготвуваат Новак Ѓоковиќ и Кристијано Роналдо? Ова е прашањето кое вечерва си го поставуваат голем број спортски фанови откако српскиот тенисер објави фотографија на социјалните мрежи со ликот на Португалецот и напиша: „нешто интересно следува, Кристијано Роналдо?“ и го означи славниот фудбалер.

Многумина претпоставуваат и шпекулираат за што станува збор, но веројатно само Ѓоковиќ и Роналдо знаат. Претпоставките се насочени кон јутјуб-каналот на Португалецот и најавениот поткаст во кој вложи многу пари, но и енергија.

Слична објава имаше и Кристијано Роналдо, на која освен Ѓоковиќ, означени беа и Мбапе, Кјелини, Рио Фердинанд, Пепе, Давид де Хеа …

- Оглас -

Најнови вести