Реал Мадрид го освои Бергамо, убедливи победи за ПСЖ и Баерн Минхен (Видео)

Реал Мадрид дојде до тешка, но значајна победа на гостувањето во Бергамо и ја совлада Аталанта со минимални 2-3. Килијан Мбапе ги донесе Кралевите во водство од 0-1 во десеттата минута, но во 36-тата се повреди и мораше да биде заменет.

Де Кетеларе од пенал израмни во 45+2, но во второто полувреме Винисиус во 56-тата и Белингам во 59-тата минута донесоа предност од два гола за Реал Мадрид. Конечните 2-3 беа дело на Лукман во 65-тата минута.

ПСЖ и Баерн Минхен дојдоа до убедливи победи над Салцбург, односно Шахтар Донецк на гостински терен. Светците славеа со 0-3 во Австрија, додека Баварците со 1-5 го победија Шахтар откако претставникот на Украина имаше водство од 1-0.

Германскиот шампион Баер Леверкузен со минимални 1-0 го победи Интер со голот на Мукиеле во 90-тата минута.

Резултати:

Аталанта – Реал Мадрид 2-3
Баер Леверкузен – Интер 1-0
Брест – ПСВ Ајндховен 1-0
Бриж – Спортинг Лисабон 2-1
Лајпциг – Астон вила 2-3
Салцбург – ПСЖ 0-3
Шахтар Донецк – Баерн Минхен 1-5

- Оглас -

Најнови вести